Очекувам дека Македонија ќе ме поддржи: Пред финалниот настап, Антониа за Хаштаг
Вечерва се одржува финалето на музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“. Антониа Гиговска е единствена претставничка од Македонија и вечерва се бори за влез во супер финалето.
Пред својот настап таа сподели со Хаштаг каква е атмосферата, но и какви се нејзините очекувања за оваа вечер.
“Очекувам дека ќе си поминеме убаво, дека ќе ме поддржи македонската публика пред сѐ, а потоа Србија и другите држави. Дај боже да влезам во супер финале и Македонија да биде горда“ - беше кратка Антониа.