Од 2013 година е веганка: Што точно јаде Ариана Гранде?

Од 2013 година е веганка: Што точно јаде Ариана Гранде?

Објавена во: Мода // Moj стил

Ариана Гранде стана веган кон крајот на 2013 година, што значи дека повеќе не јаде ништо што е од животинско потекло - ниту сирење или јајца. Таквиот начин на исхрана на нас што јадеме сѐ ни делува прилично ограничувачки, но пејачката пронашла начин како самата да си подготвува вкусни оброци.


Ариана уште во 2014 година во разговор со „The Mirror“ објасни зошто донела таква одлука: „Ги сакам животните повеќе од некои луѓе и не се шегувам. Меѓутоа, јас исто така верувам дека исхраната базирана само на билки може значајно да го продолжи животот и секој човек да го направи посреќна личност.“ Како што таа истакнува, во текот на досегашниот живот има изедено доволно месо и сирење што нема да и недостасува, но исто така посочи дека повеќе нема да може да конзумира ништо во италијанските ресторани. Наместо тоа, таа се фокусирала на јапонската храна.

Ариана многу ги сака интегралните житарки како кафениот ориз, снегулките или просото, со паста од соја. Како што истакнува нејзиниот тренер, Харли Пастернак, Ариана се храни здраво. „Мислам дека успеав да ја наговорам да се храни балансирано, но и повремено да ужива во нездравите работи. Таа многу ги сака смутињата.“ Но, она што ние најмногу го сакаме кај пејачката е тоа што нема потреба да ги навредува луѓето кои не сакаат да се откажат од својот начин на исхрана. Таа го прави она во што верува дека на нејзе и годи и не се труди да го наметне нејзиниот став на другите. Сепак, таа исто така се обиде да го забрани појавувањето на контроверзната сопственичка на еден резерват за животни во едно видео.

Тоа секако е во ред, бидејќи квалитетната веганска исхрана бара многу пари и не е достапна за сите. Исто така, научниците и не се сложуваат околу тоа дали таквата исхрана е доволна за во себе да ги внесеме сите хранливи материи. Затоа, наш совет е умереноста, бидејќи во ништо не треба да се претерува.

Може да ве интересира:

Ја помина Ријана: Ариана Гранде моментално е најпопуларна жена на Spotify

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: