Од бебе до денес: Трансформациите во изгледот на пејачката Ивона Јо (ФОТО)
24-годишната Ивона Јовановиќ од Куманово, позната како Ивона Јо, пејачка со исклучителни вокални способности, долго време се трудеше да се прифати самата себеси таква каква што е.Таа јавно зборуваше отсекогаш за нејзината прекумерена тежина и тоа го истакнуваше и на социјалните мрежи.
Во последниве години се бори со проблемот „eating disorder“ („проблеми со храната“)., но вели дека време е да го тргне фокусот од својата дебелина, а луѓето повеќе да се окупираат со нејзините квалитети. На 26 август во Турција, направи интервенција на желудникот и започнува една нова етапа од животот во обид да го доведе нејзиното тело до посакуваниот изглед.
Новиот изглед ќе го презентирам во спот - изјави таа деновиве во интервју за Женски магазин, и рече дека тимот на доктори и нутриционистот, очекуваат по операцијата, минус 55 килограми до јануари, а вкупно бараат од неа, односно нејзиното тело бара од неа, за здрав BMI, да има минус 80 килограми.
Откако се прослави со нејзините гласовни способности, пејачката направи многу трансформации на себе, а деновиве на Инстаграм сподели и како изгледала како помала, па низ фотографии ве водиме низ нејзиниот живот и физички трансформации.
Ивона била преслатко бебе и супер модерно девојче.
Од долга црна коса, до краток боб, па совршено платинеста „пикси“ фризура, а од вчера пејачката најви дека сака да ја расте нејзината коса, па веќе има нов имиџ - боб со шишки, русокоса перика.