Од бубалица во „Модерно семејство“ до мајстор за скандали: Ретко кој ја знае вистината за односот со мајка ѝ
Имала прилично турбулентен живот...
23 - годишната актерка Ариел Винтер стана позната откако се појави во серијата „Модерно семејство“, која многумина ја обожуваат. Така одлично ја одигра улогата на бубалицата Алекс Данпхи, а во реалнио живот таа е далеку од улогата која ја прослави.
Имено, на Инстаграм Ариел споделува провокативни фотографии за што многумина се шокирани, бидејќи се навикнати да ја гледаат во потполно поинакво издание. Меѓутоа, многумина забораваат дека и таа порасна и тоа во прекрасна девојка која сака да експериментира со изгледот. Она што малкумина го знаат за неа е фактот дека имала прилично бурен живот.
Имено, мајка ѝ ја терала да се занимава со глума, а Ариел во 2012 година поднела барање за постарата сестра да ѝ биде старател. Исто така, уште додека била девојче, мајка ѝ ја шминкала и облекувала за да изгледа дупло постаро, а сето тоа оставило последици на нејзинито психичко здравје.
Состојбата ѝ се влошувала и поради големите гради, кои ги намалила на само 17 години, поради големите проблеми со половината и вратот.
„Секогаш се чувствував ужасно во своето тело. Сега е малку подобро, но сѐ уште е тешко. Научив да не се грижам околу тоа што другите мислат и сега се чувствувам удобно во костим за капење и со лузните и облините кои ги имам“ - искрена беше младата актерка во едно интервју.
На 4 години влегла во светот на глумата. На почетокот глумела во проектите на Дизни и го позајмувала својот глас на анимираните херои.
Ариел често била на мета на критиките поради провокативното облекување. Склона е кон чести промени во изгледот, а изгледа дека во последно време го смири своето модно изразување и се облекува примерно.
Во меѓувреме таа ослабна 14 килограми, а вели дека за тоа е заслужен фактот дека го променила докторот кој ѝ ги променил антидепресивите кои ги користи.
„Поради бројните негативни коментари долго сакам да се променам. На крајот сфатив дека сакам да си удоволам на самата себе, а не на другите“ - објасни Ариел, па додаде:
„Некогаш сакам да ги нагласам облините во ултра тесен фустан, а понекогаш само сакам да бидам „проголтана“ од широката тренерка, а сето тоа е нормално. Научив да се прифатам себе онаква каква што сум и повеќе не обрнувам внимание на злите јазици.“