Од цената ќе ви се заврти во глава: Теодора Џехверовиќ не штедеше кога го купуваше својот нов дом
Популарната пејачка вчера ја сподели веста дека ја исполнила својата голема желба: станала сопственичка на стан во Белград, а медиумите сега откриваат детали за нејзината недвижнина...
Пејачката Теодора Џехверовиќ неодамна си купи стан во српската престолнина, а медиумите тврдат дека станува збор за недвижнина во елитна населба во Белград. Цената на станот наводно изнесува 250.000 евра, а се простира на стотина квадратни метри.
„Станува збор за недвижнина која ја договори за 250.000 евра во елитна населба во Белград. Станот има околу 100 квадрати, две спални соби, две бањи и пространа тераса“ - истакна неименуван извор близок до пејачката за „Ало“.
Како што тој понатаму наведува, на пејачката наскоро ќе ѝ се придружи нејзиното момче Нино Челебиќ, кој од летово има деловни ангажмани во Бразил, па затоа таа е посветена на декорирањето на катчето во кое тие ќе уживаат.
„Последните денови работи на опремување на станот и едвај чека нејзиното момче Нино да се врати од Бразил за заедно да уживаат“ - додава изворот.
Тој истакнува дека цел на Теодора од почетокот на нејзината кариера, покрај популарноста, било и да си купи стан.
„Откако започна да се занимава со музика, цел на Теодора беше да стане една од најпопуларните млади пејачки, но и да заработи доволно пари за да си купи стан. Поради тоа вредно работеше на својата кариера и вложуваше многу пари во песни и спотови, бидејќи веруваше дека сѐ ќе ѝ се врати“ - заврши изворот.
Инаку, станот ќе биде во светли нијанси, а пејачката на својот Инстаграм профил откри како изгледа нејзиното ново катче: