Од ден на ден сè повеќе расте: ТикТок достигна милијарда корисници

Од ден на ден сè повеќе расте: ТикТок достигна милијарда корисници

ТикТок вчера на својот блог објави дека милијарда луѓе ја користат нивната платформа секеј месец...

Ова значи дека на оваа наша планета, приближно еден од седум и пол луѓе редовно гледа кратки видеа со танцување, духовити снимки, совети од различни области, предизвици, па дури и вистинска образовна содржина.

Фејсбук објави дека има 2,9 милијарди активни корисници месечно во јуни, што е за 7% повеќе од претходната година. Сепак, ТикТок расте со неверојатна брзина, така што новите податоци за корисниците бележат пораст од 45% од месечните активни корисници од јули 2020 година, кога имаше 689 милиони корисници. Покрај тоа, овој јули, ТикТок стана првата апликација што не е на Фејсбук, а достигнала 3 милијарди глобални преземања.


Можеби ќе ве интересира: