Од девојче до заводничка - сѐ со помош на шминка: Оваа девојка станува друга личност која ќе се нашминка

Од девојче до заводничка - сѐ со помош на шминка: Оваа девојка станува друга личност која ќе се нашминка

Објавена во: Мода // Moj стил

Доказ дека шминката прави чуда...

Девојките сѐ повеќе ги покажуваат своите вештини кога е шминкањето во прашање, а некои се толку добри што само со помош на шминката се трансформираат во сосема друга личност. Една од нив е и Анастасиа, чии видеа станаа вистински хит. Секако, бидејќи се неверојатни.

Кога нема шминка, изгледа како да е осмо одделение, а кога ќе се нашминка изгледа како 18-годишна презгодна девојка. Некое велат дека ова е „catfishing“, но ние се согласуваме со оние кои велат дека ова е талент. Бидејќи, дефинитивно е. Да се нашминкаш така што ќе изгледаш како потполно друга личност не е толку лесно како што изгледа. Секако, ја има променето и фризурата, но шминката сепак е во прв план. Анастасиа има голем број обожаватели, а нејзините видеа имаат по неколку милиони прегледи. На момент е тешко да им поверуваш на сопствените очи дека тоа е истата личност и дека во вториот дел од видеото пред камерата не ја ставила својата постара сестра.

@anastasile

Моя супер способность это превращаться из в

GOODMORNINGTOKYO! - Kylo and Adams wife (real)

Но, не е, и на почетокот и на крајот од видеото е таа, Анастасиа. Има многу видеа на тема шминкање и трансформации, но оваа дефинитивно ни е најдрага, бидејќи е и најдраматична и најголема. Во другите видеа покажува и кои производи ги користи и како се шминка. Идеални се доколку сакаш да дознаеш некој трик или совет од неа, бидејќи е и повеќе од очигледно дека искуството и знаењето ги има. Доколку го сакаш шминкањето, нејзиниот профил на ТикТок дефитивно ќе те дојде добро.

фото: Принтскрин / ТикТок 

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: