Од градинката на Арчи ја открија вистината: Какви родители се Меган Маркл и принцот Хари кога камерите се исклучени?
Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ја напуштија Велика Британија за да можат да имаат помирен и поопуштен живот.
Некои ги нарекуваат кралска двојка која побегна, но би се кажало дека тие се најобичната двојка која сака да живее нормален живот.
Принцот Хари и Меган Маркл одбија да живеат под покровителство на најмоќното семејство на светот, па претенциозниот живот во Обединетото Кралство го заменија со помалку претенциозен и гламурозен живот во Калифорнија.
Таму имаат мир и веруваат дека опкружувањето е поздраво за растењето на нивните деца, синот Арчи и ќерката Лилибет. Поради тоа синот, кој во мај наполни две години, го запишале во градинка, која е популарна помеѓу семејствата од средната класа.
Во градинка учат шпански, учат да свират на инструменти, учат да танцуваат, глумат, но ја изучуваат и информатиката. Исто така, имаат не толку традиционални предмети како емоционалната писменост и љубезниот однос кон луѓето.
Како навистина се однесуваат Меган и Хари кога околу нив нема камери и фоторепортери, откри родителот на едно од децата од групата во која оди Арчи.
Родителот вели дека Хари често го носи Арчи на училиште и го зима, а изгледа дека е многу добар татко. Сите родители се однесуваат нормално во друштво на Хари и Меган, никој околу нив не крева прашина.
А, што се однесува до другите деца, Арчи е еден од нив. „Не знаат дека неговиот татко е член на кралското семјество и најверотно не би им било важно тоа“ - кажа за британските медиуми родителите, напоменувајќи дека децата с еподелени во мали групи.
фото: AIEX TODD / AVALON / PROFIMEDIAДа потсетиме, во јуни 2021 година, Меган и Хари станаа родители по втор пат. На семејството му се приклучи и ќерката Лилибет, а родителските обврски ги делат рамноправно.
„На него не му е проблем да менува пелени и да стане среде ноќ кога Лили плаче“ - кажа извор за американските медиуми за принцот Хари, кој е посебно посветен на својата наследничка.