Од Кендал Џенер до Хилари Даф: 5 домови на познатите со кои сме опседнати
Со задоволство би поминале еден ден во овие куќи...
Посебно уживање се домовите на познатите, кои се далеку поголеми отколку што биле пред 20 години, кога MTV го откри тајниот рецепт за рејтинзите.
Во продолжение погледнете ја листата со омилени домот на познатите со кои во последно време сме потполно опседнати.
# Кендал Џенер
Доколку сте го гледале шоуто „Во чекор со Кардашијанс“, веројано ве изненадил домот на Кендал Џенер, кој е во фанк стил - сосема поинаков од оној во кој израснала. Можеби е малку повеќе кич и има неколку нелогични комбинации, но од друга страна е топол и со тонови кои годат.
# Џесија Алба
Доволно е да се каже дека домот на познатата актерка вреди 10 милиони долари. Таа самата куќата си ја опишува како микс од француски „вајб“ и модерен француски стил, додека еден од нејзините дизајнери открива дека Џесика е обожавател на органските материјали, природни влакна и дрво.
# Џеј Балвин
Океј, ако од некој не очекуваме јапонски „вајб“, тоа е Џеј Балвин. Човекот е толку опседнат со јапонската култура, што целиот дом му е многу уреден.
# Дакота Џонсон
Станот и изгледа навистина кул, полн е со светлина и прекрасни детали. Секој би сакал да добие покана за чај во нејзиниот дом.
# Хилари Даф
Хилари Даф е толку слатка, а нејзиниот дом е совршен микс од модерното и рустикалното и навистина изгледа како нешто во што секој може да се замисли.