Од корона почина мајката на Сергеј Ќетковиќ: Татко му е во болница, а заразена е и неговата сопруга
Популарниот црногорски пејач Сергеј Четковиќ моментално минува низ најтешкиот период во животот. Неговата мајка Драгица Беба Четковиќ почина пред неколку дена на 68 години како резултат на коронавирусот. Но, да бидат работите уште полоши, неговиот татко Слободан, кој исто така е хоспитализиран е заразен со короната, а неговата сопруга Кристина е исто така позитивна.
Пејачот ја испрати својата мајка до вечното почивалиште на 8 март на неговиот роденден, а поради вирусот со него не можеше да биде неговата сопруга. Уништениот пејач немаше сила да ги коментира неволјите што го снашле.
„Немам никакви изјави, ниту сум подготвен на какво било соопштение ... Ви благодарам многу“ - рече кратко пејачот за српските медиуми. Пред една година, тој исто така за медиумите изјави дека не се плаши од вирусот.
Инаку, неговата мајка Драгица по професија беше фармацевт, а неговиот татко Слободан е познат како успешен возач на рели, кој беше шампион на поранешна Југославија и победник на Јадранскиот куп.