Од несудена правничка до секс - симбол: Денес полни 56 години, а знаете ли за кој станува збор?
Моника Белучи денес полни 56 години. Актерката со безвременска убавина како да се нема променето во текот на годините и претпазлива е со естетските операција, а тоа е причината поради која ја обожуваат ширум светот.
„Убавината е хендикеп доколку си глупав, а не доколку си интелигентен и знаеш да ја искористиш. Се чувствувам добро и пријатно во своето тело, но не поради тоа што сум убава. Познавам многу убави луѓе на кои животите им се ужасни. Многу се несигурни во себе. Среќна сум што сум сакана и што имам прекрасно семејство“ - изјави своевремено Моника.
Убавината ја должи исклучиво на гените.
„Не вежбам, не трчам, сакам многу да јадам, едноставно кажано - мрзелива сум! И од тоа не бегам“ - рече Белучи.
Италијанската акатерска е родена на денешенд ен во 1964 година во градот Чита ди Кастелно, како единица во скромно семејство. Од тие денови се сеќава дека ги гледала филмовите со Софија Лорен и мечтаела дека еден ден ќе стане актерка. Нејзиниот татко изјавил дека како мала не била нешто посебно убава. Ја шишале кратко за да има бујна коса. Со влегувањето во пубертетот од грдото пајче се претворила во прекрасен лебед.
Во светот на моделингот зачекорила на 13 години, кога го привлекла вниманието на локалниот фотограф кој ја фотографирал. На Моника тоа и било само убаво искуство и продолжила да го следи својот сон и да стане правник. По средното училиште се запишала на Правен факултет. Сепак, студирањето многу чинела, па Моника се одлучила да се занимава со моделинг за да има дополнителен џепарлак.
Така манекенството и станал профитабилен бизнис, па на крајот се откажала од факултетот. Се преселила во Милано во 1988 година, склучила договор со агенцијата „Elite“ и снимала за светски познатите модни брендови, како што се „Долче и Габана“ и „Диор“.