Од нив секогаш добивам мозолчиња: Ирина Шајк откри што никогаш не јаде

Од нив секогаш добивам мозолчиња: Ирина Шајк откри што никогаш не јаде

Објавена во: Мода // Must have

фото: PROFIMEDIA

Таа целосно исфрли од исхраната неколку намирници. 

Манекенката Ирина Шајк, која го освои модниот свет со својата грациозна фигура и егзотична убавина, секако оправдано ја носи титулата „една од најубавите жени на светот“. 

 Посебно внимание посветува на нега на кожата на лицето, така што секогаш изгледа свежо, одморено и младешки. Не мора да користите многу шминка за да изгледате добро, вели таа. 

-Го обожавам коректорот што го ставам на критичните точки, под очите и на пределот на брадата, но никогаш не ставам пудра на целото лице. Обожавам и хајлајтери, овој козметички производ навистина може да го истакне лицето.
 Денот го започнувам со миење само со вода, додека навечер темелно го чистам лицето. Често менувам производи и сакам да ги испробувам.
Секој ден нанесувам хидратантна крема, а во лето бирам лесни серуми.

Исто така, обожавам кокосово масло, кое често го користам за нега на кожата, веднаш по туширање на влажна кожа, откри во една пригода и додаде дека редовно нанесува производи со УВ заштитен фактор на вратот, рацете и лицето, дури и да не сум на сонце. Но, сето тоа паѓа во вода, вели Ирина, ако не јадете квалитетна и здрава храна. 

Иако се обидува да јаде здраво, понекогаш не може да одолее на хамбургер или пица. Но, таа целосно исфрли од исхраната неколку намирници. 

 - Најважното правило за убава кожа значи и многу вода и соодветна хидратација. Плус, не јадете помфрит и чипс и вашата кожа ќе свети. Сериозно, кога ќе јадам помфрит или чипс, кожата ми „дивее“ следниот ден.
Дефинитивно добивам неколку мозолчиња, и со сето тоа, лицето ми изгледа дехидрирано и уморно. Избегнете го тоа и веќе сте на половина пат до убав тен - заклучи таа.

извор:srbijadanas.com

Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: