Од овој месец се дружиме на уште една социјална мрежа: Хаштаг на ТикТок заедно со вас ќе поместува нови граници (ВИДЕО)
На 2 октомври оваа година, Хаштаг прослави 4 години од отварањето. Иако за некој изгледа малку, сепак во овие 4 години ја освоивме публиката и опстанавме како единствен портал за тинејџери во нашата држава.
Многу талентирани деца ги раскажуваат своите приказни и идни желби, акцент ставиваме и на секоја млада музичка ѕвезда која ќе се појави на нашата сцена, неколку матуранти испративме на студии во странство, за подоцна да го споделат сопственото искуство со нас, познатите личности ги навраќаме на тинејџерските денови и голем дел од нив веќе ги споделија најинтересните моменти од тој период во животот, секако ги следиме и светската и балканската јавна сцена - тука се и Џастин Бибер, Селена Гомез, Чарли Д'Амелио, Анастасија Ражнатовиќ, Бака Прасе и сите други познати личности кои се во центарот на вашето внимание.
Низ овие четири години видовме колку пораснаа малите ѕвездите од музичкото шоу „Ѕвездичките на Пинк“, го следевме растот на најпопуларната социјална мрежа - ТикТок, бевме сведоци на многу драми на Јутјуб, со вас споделивме безброј совети - како модни, така и животни, но тука се и важните моменти од животот на македонската јавна сцена.
Дека ги следиме трендовите, сведочи и фактот што освен на Фејсбук, со вас се дружиме и на Инстаграм, а од овој месец ќе се дружиме и на уште една социјална мрежа. Станува збор за ТикТок, каде што може да нѐ најдете под добро познатото корисничко име - @_hashtag.mk.
На ТикТок нема да ве „гњавиме“ со вести, на оваа платформа решивме да ве анимираме и забавуваме. Првото видео го посветивме на нашата редакција, па во неколку секунди се обидовме да ви покажеме како изгледа просторот во кој со нашите колеги ги правиме вестите кои вие секојдневно ги читате.
@_hashtag.mk Сега може да ѕирнете како изгледа нашата редакција . . . #hashtagmk #хаштагмк #viral #firstvideo #timefornewbeginnings #tiktok #hashtagmktiktok #ourworkplace #walloffame Cool Kids (our sped up version) - Echosmith
Како што пишува и на крајот од нашето прво видео, ви подготвуваме многу интересни содржини, а за да бидете во тек со нив, кликнете на опцијата „follow“ на нашиот профил. Исто така, секоја ваша идеја е добредојдена кога е нашиот профил на ТикТок во прашање, па доколку имате некоја интересна замисла, со која би започнале нов тренд - пишете ни на contact@hashtag.mk или во DM на било која социјална мрежа.
Време е заедно да поместиме нови граници!
Р.Х.