Од слатка ѕвезда на Дизни до најпроблематична девојка во Холивуд: Нејзиното момче е опасен фраер, но покрај него има и девојка

Од слатка ѕвезда на Дизни до најпроблематична девојка во Холивуд: Нејзиното момче е опасен фраер, но покрај него има и девојка

Објавена во: Живот // Живот

Некогашната ѕвезда на Дизни, по проблематичното минато пронајде сродна душа, но и понатаму не се плаши од експериментирање...

Некогашната слатка ѕвезда на Дизни, Бела Торн, последните денови е на одмор во Мексико со семејството и неколку најблиски пријатели.

Помеѓу останатото, Бела таму ја дочека и Новата година, а тогаш со неа беше и нејзинито момче, Бенџамин Масколо. Како што се зборува во холивудските кругови, токму тој бил заслужен за тоа што проблематичната ѕвезда конечно малку се смирила.

Имено, Бенџамин е италијански музичар, а врската со актерката ја официјализираше во јуни 20190 година. Во последно време не ги тргаат рацете еден од друг, а пред него, таа постојано ги менуваше момчињата „како чорапи“.

Исто така беше редовен посетител на разни забави и понекогаш провоцираше со невкусните и разголени изданија. Во тетовираниот музикар, актерката пронајде утеха многу брзо по раскинувањето на тубулентната врска со музичарот Мод Сан, а тогаш се гледаше и со жени, за кои некогаш не криела дека ги сака.

Двојката често фалеше со носење на „пријателки“ во врската, а музичарот по разделбата кратко се гледаше и со Деми Ловато. Сепак, во исто време кога ја потврди врската со Бенџамин, Бела откри дека има и девојка, Алекс Мартини со кој позираше во кревет. „Првата моја девојка која не се чувствува пријатно пред камера“ - порача тогаш Бела, а фотографијата ја искоментира и нејзиното момче, кое напиша дека се преслатки.

Сепак, изгледа дека Бела се одлучила само за него, но вистина е дека кај неа никогаш не се знае ништо, бидејќи повеќе пати знаеше да не шокира со своите признанија. Да потсетиме, Бела Торн, некогаш беше црвенокоса филска девојка, но од тоа одамна не остана ништо.

23 - годишната актерка и пејачка денес режира филмови за возрасни, отворено истакнува дека е бисексуалка, љубител е на забави, а неодамна се придружи и на страницата „Only fans“, каде се објавуваат разни содржини за воздрасни. Оваа апликација за само 24 часа заработи милион долари и ги собори рекордите.

Нејзините социјални мрежи се преполни со разголени фотографии, ачесто истакнува и дека пушењето „треба“ и е нешто „кул“. Исто така младата актерка ја објави и првата книга, во која зборува за суровото чувство на тага поради загубата на татко ѝ, кој загинал во несреќа со мотор, кога Трон имала само 9 години, кариерата како детски модел, растењето по заслепувачките светла од рефлекторите и снимањето на Дизниевата ситкомедија „Играј“.

Книгата со недели по објавувањето беше на листата бестселери на Амазон.

Бела покрај „Only fans“ направи и соработка со еден сајт за возрасни, а благодарение на филмот „Her & Him“ подоцна беше и наградена. Покрај тоа, таа е една од најгласните кога станува збор за одмазничка порнографија, поради што отвори профили на сајтовите за возрасни. Имено, Бела била уценувана од нејзиниот поранешен партнер, па решила да ги објави спорните експлицитни фотографии во јавноста и да заработи пари.

На Бела многумина ѝ предвидуваа голема кариера, но со оглед на тоа како се однесува, ретко кој од Холивуд сака да има работа со неа. Меѓутоа, како што стојат работите, таа си најде други извори на заработка и барем засега не жали, бидејќи ѝ оди подобро од било кога.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: