Од титулата помало братче до голем заводник: Дали го препознавате пејачот на фотографијата?
Овој пејач е роден во еден град во Босна и Херцеговина пред скоро 25 години...
Уште од мали нозе ги сакал музиката и песната, што подоцна се покажало и како вистински и единствен пат за него, и покрај тоа што се запишал и студира на Машински факултет.
Во 2010 година ја однесе победата на музички фестивал во Бања Лука, а неколку години подоцна за првпат се појави во натпреварувањето „Ѕвездите на Град“, што тогаш не му донесе многу успеси поради годините и неискуството.
Меѓутоа, во 2019 година одлучи повторно да ја испроба среќата во најпопуларното музичко натпреварување на Балканот и тоа во тимот на Марија Шерифовиќ, за покрај безбројните препреки и неубави моменти во животот кои му се случија за време на натпреварувањето, да ја однесе и победата.
Ако, помисливте на Махир Мулалиќ, бевте во право! Некогаш малото слатко русокосо момче, денес израсна во вистински шмекер кој со својата појава, но и глас го освојува регионот.
На фотографијат е со неговата родена сестра Азијада, која во текот на целиот живот, па и за време на натпреварувањето му беше и му е најголема поддршка.
фото: Принтскрин / Инстаграм