Од „tomboy“ до вистинска дама: Непогрешливи модни комбинации на Анастасија Ражнатовиќ кои може да ги ископира секоја девојка

Од „tomboy“ до вистинска дама: Непогрешливи модни комбинации на Анастасија Ражнатовиќ кои може да ги ископира секоја девојка

Објавена во: Мода // Moj стил

Млада, автентична, згодна, висока и витка, Анастасија Ражнатовиќ негува моден стил каков што секоја млада девојка би посакала...

Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ е многу популарна на социјалната мрежа Инстаграм, каде често ги споделува своите модни комбинации во кои многу девојки пронаоѓаат инспирација.

Згодната пејачка, која неодамна наполни 24 години, постојано ја потврдува титулата на вистинска трендсетерка и ги воодушевува сите со својот инстенчен вкус за мода. Анастасија на автентичен начин ги прикажува комбинациите кои на прв поглед изгледаат многу минималистички, а успешно ги привлекуваат сите погледи.

За неа може да се каже дека е непогрешлива кога е во прашање модниот избор, а добро плива и во елегантиниот, женствен, но и лежерниот и т.н. „tomboy“ стил.

Трендовите постојано во чекор ги следи, па така панталоните со широки ногавици, бела маица и бели патиките беа „must have“ во пролетните секојдневни комбинации. 

Исто така, таа со задоволство носи и карго панталони, кои преку ноќ станаа попопуларни и од тоа што беа во 90-тите.

Иако може да се пофали со долги нозе и висина од 179 сантиметри, Анастасија со задоволство одбира панталони со висок струк, кои имаат тенденција да ја намалат половината и да ги издолжат нозете.

Пред неколку дена, воодушеви со пастелната комбинација, која се состоеше од 3 бои: зелена, сина и жолта, и со тоа го најави летниот тренд, кој е одличен избор за летните и незаборавни забави на отворено или посебни прилики во кои сакате да покажете истенчен моден стил.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: