Од тортата останаа само броевите: Актерот Васил Зафирчев наполни 42, но откри дека се чувствува како да има 24 години

Од тортата останаа само броевите: Актерот Васил Зафирчев наполни 42, но откри дека се чувствува како да има 24 години

Објавена во: Живот // Живот

Македонскиот актер Васил Зафирчев, кој моментално е актуелен по улогата на готвачот Марио во серијата „Преспав“, вчера го прослави својот роденден. По тој повод, на својот Инстаграм профил им се заблагодари на сите за искрените честитките со фотографија од свеќичките кои ги дувнал на роденденската торта, но и со прекрасна порака.

„42. роденден. Од тортата останаа само броевите. Една четворка, сосем обична. И една двојка која ѝ пркоси по својата големина, па затоа треба да стои пред, а не зад неа.

Впрочем, за животот и неговата суштина, годините навистина се само бројка. Единствено важна е полнотијата со која го живееме, внатрешното чувство на исполнетост и хармонија и односот кој го имаме кон себеси. Сѐ друго е само перцепција. Најчесто погрешна.

Драги пријатели, ви благодарам за убавите мисли и чувства кои ги споделивте со мене. И ви посакувам да се грижите единствено и само за суштината на вашиот живот, да ги негувате и остварувате вашите страсти, желби и замисли, да ги чувате мирот и хармонијата во вас и да сте секогаш исполнети со она што го имате сега, а ве прави среќни!“ - напиша актерот покрај фотографијата на која се гледаат само свеќичките.

Роденденот му го честитаа голем број колеги, пријатели, соработни, меѓу кои и неговата поранешна сопруга Калиопи Букле.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: