Од убавицата од Барбадос не очекував поинаков одговор: Ријана во свој стил ги искоментира гласините за бременоста
Светските медиуми веќе со години скоро еднаш месечно пишуваат дека пејачката од Барбадост е во блажена состојба, а таа обично ги игнорира сите овие тврдења, но овој пат се одлучи да ги искоментира озборувањата...
Пејачката Робин Ријана Фенти со години е мета на озборувањата дека ќе стане мајка, а тоа се случи повторно, откако светот го заобиколија фотографии на кои стомакот ѝ изгледа малку поголем од вообичаено.
Веста одекна во медиумите и на социјалните мрежи, а една обожавателка по име Џен на Ријана по тој повод ѝ испрати порака на Инстаграм.
„Може ли да дојдам на бејби шаувер, сестро? Без разлика дали е вистина или не, твоето бебе ќе биде преубаво. Жал што сега сите ти гледаат во матката“ - ѝ порача таа на пејачката, а Ријана на ова ѝ одговори:
„Хааа! Достааааа! Не беше на првите десет бејби шаувери. Проклетство, ме размножувате секоја година.“
Џен ја сподели оваа преписка и напиша:
„Нејзината матка кажа: Гледајте си ја својата работа“.
Како што пишува „MTO News“, Ријана не можела да го сокрие трудничкото стомаче за време на престојот на родниот Барбадос, каде неодамна беше прогласена за национален херој.
„Ријана е бремена, тоа е очигледно, многу сум среќен поради нив“ - кажа за овој портал извор близок до музичката ѕвезда.
фото: Randy Brooks / AFP / Profimedia