Од Вардар, преку Работнички, со надеж за влез во Барса: 10-годишниот фудбалер Николај Накевски со високи цели

Од Вардар, преку Работнички, со надеж за влез во Барса: 10-годишниот фудбалер Николај Накевски со високи цели

Објавена во: Интервјуа, Таленти

На само 10 години Николај Накевски ги освојува фудбалските терени. Од септември ќе биде шесто одделение во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а со фудбалот започнал да се занимава уште на 5 години. Моментално е дел од фудбалскиот клуб Работнички и на теренот игра на неколку позиции.

Младиот и надежен фудбалер за Хаштаг открива од кој го има наследено талентот за овој спорт, но и во кој фудбалски клуб се гледа за 10 години.

# Од колку години започна да тренираш фудбал?

Фудбал започнав да тренирам од 5 години во фудбалскиот клуб Вардар, за сега 5 години подоцна да сум дел од клубот Работнички.

# Кој ти е омилен фудбалер?

Меси е мојот омилен фудбалер, затоа што е дел од фудбалскиот клуб за кој навивам – клубот Барселона, но од нашата држава и македонската репрезентација омилен фудбалер ми е Енис Барди, со кој се имам и запознаено.

# На која позиција играш?

Играм десно и лево крило, но исто така често играм и на позиција шпиц.

# Има ли некој од семејството кој се занимава со фудбал?

Мојот татко има најголем удел за мојот талент и љубов кон фудбалот. Колку почесто го гледав како игра фудбал со неговите другари, така од ден во ден растеше мојата љубов кон овој спорт.

# Дали освен фудбалот имаш и некое друго хоби?

Освен, фудбалот и училиштето кои ми се на прво место, слободното време го користам за ТикТок. Преинтересно ми е кога гледам видеа или пак снимам разни предизвици.

# Имаш ли некоја интересна случка од теренот која ќе сакаш да ја прераскажеш?

Епа, еднаш на тренинг додека вежбавме и игравме фудбал јас наместо да ја фатам топката се засопнав и паднав. Тогаш соиграчите ми се изнасмеа и иако во тој момент не ми беше интересно, сега често се смеам на таа случка.

# Кога пораснеш што сакаш да бидеш, односно со што сакаш да се занимаваш?

Кога ќе пораснам дефинитивно сакам да бидам фудбалер. Желба би е да играм во Барселона или пак Јувентус.

# Како реагираат твоите соученици на твоите фудбалски успеси? Доаѓаат ли да те гледаат кога имаш натпревари?

Избегнувам да ги споделувам своите успеси, бидејќи не сакам соучениците да мислат дека се фалам.

# Кој хаштаг најчесто го користиш?

#foryoupage

*Ивана Мисајловска


Објавена во: Интервјуа, Таленти

Можеби ќе ве интересира: