Од Златни славејчиња до познати музички имиња: Кои пејачи своите почетоци ги имаа на најпознатиот детски фестивал?

Од Златни славејчиња до познати музички имиња: Кои пејачи своите почетоци ги имаа на најпознатиот детски фестивал?

Објавена во: Stars // Музика

Оваа година, најпознатиот музички фестивал за деца „Златно славејче“ го прослави својот 50 - годишен јубилеј. Приказната започна во далечната 1971, кога и се одржа првото издание на фестивалот, а песничките кои ги испеаја бројни дечиња од тогаш до денес, сè уште се слушаат и пренесуваат од генерација на генерација.

Интересен е фактот што многу од дечињата кои беа дел од оваа приказна денес се големи музички ѕвезди. На нивните концерти во еден глас публиката ги пее нивните песни, но дали знаете со кои песни се претставиле на овој детски фестивал? 

Во продолжение ве потсетуваме на ѕвездите кои во детството беа „славејчиња“:

# Калиопи Букле - „Мојата учителка“ (1976 година)


# Симон Трпчевски - „Чудна случка кај една воденичка“ (1987 година)


# Тоше Проески - „Јас и дедо ми“ (1992 година)


# Васил Гарванлиев - „Марионка“ (1994 година)


# Стефан и Мартин од Некст Тајм - „Фудбалер и кошаркар“ (1996 година)


# Влатко Илиевски - „Еј Наташка“ (1997 година)


На овој детски фестивал настапувале и Давид Темелков, Маја Гроздановска - Панчева, Ана Дурловски и многу други, но за жал, видеа од нивните настапи нема на социјалните мрежи.

Р.Х.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: