Одбери го вистинскиот: Каков костим за капење треба да носиш според обликот на телото? (ФОТО)
Искористи го костимот за капење за да ги нагласиш своите позитивни страни...
Секое тело може да изгледа одлично на плажа, но треба и ти да си помогнеш и да одбереш вистински костим за капење. Не му стои добро на секој еден костим за капење. Тоа е нереално очекување и апсолутно невозможно.
Кога ќе го пронајдеш вистинскиот костим за капење за своето тело, во него ќе имаш најмногу самодоверба. Не е најпаметно да купиш некој модел кој супер ѝ стои на Хејли Бибер или на некоја твоја пријателка, бидејќи сигурно не изгледаш како нив. Не се чувствуваме добро на плажа и мислиме дека сме дебели или дека немам доволно добар задник, но тоа е затоа што сме фокусирани на недостатоците, наместо на оние добри работи.
Секој сака нешто да сокрие, а нешто да покаже и затоа е најпаметно да побараш костим за капење кој е најдобар за твоето тело. За да дознаеш кој е најидеален за тебе, погледни во продолжение:
# Облик јаболко - долен дел со висок струк
# Девојки со големи гради - горен дел со фишбан
# Мали и ситни девојки - костим со вертикални линии или со висок долен дел
# Облик песочен часовник - стандардни бикини
# Плус сајз - едноделен костим за капење со ремен или со некој друг детаљ околу половината
# Девојки со мали гради - костим со луди дезени или карнери
# Многу високи девојки - задолжително дводелен костим за капење
# Облик крушка - костим за капење кој има некаков детаљ на горниот дел
фото: Принтскрин / Инстаграм