Одговори со закана: Девојката на најбогатиот човек на светот пред негови очи флертуваше со Леонардо Дикаприо
Оскаровецот Леонардо Дикаприо остава таков впечаток на жените што една, кога се најде во негово друштво, заборави дека во тој момент за рака го држи своето момче...
Изминатите денови, на социјалните мрежи кружи кратко видео кое е направено на гала вечерта на LACMA Art+Film во Лос Анџелес на кое гледаме како Лорен Санчез, девојката на бизнисменот Џеф Безос, изгледа фасцинирано од Леонардо Дикаприо. Додека стои и се држи за раце со Безос, инаку најбогатата личност на планетата, Лорен за целото време се приближува до оскаровецот, а во еден момент ја става и својата рака на неговата и го гледа во очи флертувајќи.
Leonardo Dicaprio meets Jeff Bezos & his new girlfriend at the Art Gala in LA pic.twitter.com/8UmvOMgJFT
— 2Cool2Blog (@2cooI2blog) November 7, 2021
Видеото насмеа милиони луѓе, кои почнаа да се шегуваат, а на социјалните мрежи се огласи и самиот Џеф Безос. Тој објави фотографија на кој стои покрај знак на кој пишува „Опасност! Стрмна карпа, фатален пад“ и во описот истакна:
„Лео, дојди овде, сакам нешто да ти покажам“.
Leo, come over here, I want to show you something… @LeoDiCaprio https://t.co/Gt2v9JZTNz pic.twitter.com/KqGLB839NI
— Jeff Bezos (@JeffBezos) November 8, 2021
Бизнисменот покрај тоа го означи Леонардо на Твитер за да биде сигурен дека актерот ќе ја види неговата „закана“.
Инаку, Џеф и Лоре, која е пилотка и ТВ новинарка, се заедно од јануари 2019 година.