Одмор од две недели за учениците: Затворање на училиштата поради коронавирусот
Во моментов министерот за здравство Венко Филипче одржува прес-конференција за новонастанатата ситуација со затворање на училиштата на 14 дена.
Тој соопшти дека еден од родителите на децата кои се на возраст до 10 години, ќе смее да остуствува од работа, и тоа да му биде платено отуство, за да може да го чува детето.
Тоа значи дека не треба децата додека се на отуство да се носат по игротеки, ниту на масовни собири.
Тој изјави дека во моментов една 16-годишна девојка се тестира на коронавирус.