Однесувањето на ова девојче во авион потполно ги разбесни луѓето: Тврдат дека родителите се виновни (ВИДЕО)

Однесувањето на ова девојче во авион потполно ги разбесни луѓето: Тврдат дека родителите се виновни (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Луѓето тврдат дека родителите се виновни што не реагирале...

Родителите на малите деца знаат дека долгото патување со јавен превоз често е предизвик, но поголемиот дел од нив се трудат нивните малечки помалку да им пречат на останатите патници.

Тоа не бил случај со родителите на девојчето на кое за време на 8-часовниот лет очигледно му било здодевно. На „Reddit“ е објавено видео од однесувањето на девојчето во авионот.

Патникот кој го гледал сето тоа, сподели видео од девојчето кое скока на масичката која е закачена на седиштето.

„Да ги оставиме децата да беснеат за време на 8-часовниот лет“ - напиша тој на видеото, на кое се гледа како патникот кој е пред девојчето го игнорира, и покрај тоа што неговото седиште се клатело од скокањето.


„Би се чувствувал како пропаднат родител доколку моите деца го прават ова, а јас не би изреагирал“, „Родителите би ме исфрлиле од авионот среде лет. Никогаш не би дозволил ова да им се случи на децата. Гласно да зборуваш или плачеш е едно, но скокање по седишта е друго“, „Потполно е неприфатливо и неодговорно од родителите“ - се само некои од критиките упатени до родителите.

фото: Принтскрин / Reddit

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: