Одржан помен за Кика Ѓукиќ: Поминаа тажни 40 дена откако таа го напушти светот, а ова се најновите детали за случајот

Одржан помен за Кика Ѓукиќ: Поминаа тажни 40 дена откако таа го напушти светот, а ова се најновите детали за случајот

Објавена во: Живот // Живот

Јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ ноќта меѓу 8 и 9 декември трагично почина во стан во Белград, а на комеморацијата по повод тажните 40 дена што се одржа во неделата на 16 јануари присуствуваа само најблиските членови на семејството.

За ова во јавноста не се зборуваше, за најблиските да ѝ оддадоа почит во мир и без медиумска помпа.

Како што се дознава, семејството сѐ уште го нема добиено токсиколошкиот наод, па затоа сѐ уште нема вести за трагичниот крај на Кика. Нејзините најблиски не се подготвени за средба со медиумите, па не сакаат да се соопштува за овој случај, бидејќи им е многу тешко поради заминувањето на Кристина.

За потсетување, Кика беше погребана на 14 декември на гробиштата Лешче, а на погребот присуствуваа голем број нејзини колеги и пријатели.

Популарната српска јутјуберка си го одзеде животот: Не можела да го издржи притисокот на јавноста


Фото: Printscreen Instagram/kikax3



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: