Официјално заплови во актерските води: Адисон Реј го започна снимањето на римејкот на филмот „She's all that“
Се пофали на социјалните мрежи...
Адисон Реј започна со снимањата за римејкот на филмот „She's all that“ од 1999 година, во кој ќе ја игра главната улога.
Филмот, кој го прослави актерот Фреди Принц Јуниор е последен во низата филмови кои холивудската продукција ќе ги оживува, снимајќи нови верзии.
Во новата верзија на филмот, главната улога ќе ја има девојка, односно Адисон, а нејзиниот лик ќе биде инспириран од ликот на Зал Сајлер, кој го играше Фреди. „She's all that“ го следи популарниот спортист од средно училиште, кој откако ќе го остави девојката, се обидува од една бубалица да направи кралица на матурата.
И новиот филм има слично сценарио: Адисон ќе глуми инфлуенсерка која од бубалица ќе се обиде да направи згодно момче, секако до матурската вечер.
Адисон на социјалните мрежи се пофали со првите денови од снимањето, наведувајќи дека одлично се забавува.
Мадисон Петис, Изабела Кровет и Мајра Молој се само некои од актерите кои ќе играат во новата верзија на филмот, а кои Реј ги објави на социјалните мрежи.