Ограбен е домот на Дејвид и Викторија Бекам: Еве што сѐ е украдено

Ограбен е домот на Дејвид и Викторија Бекам: Еве што сѐ е украдено

Објавена во: Живот // Живот

Сѐ уште никој не е уапсен, истрагата продолжува...

При грабежот во луксузниот дом на Дејвид и Викторија Бекам во западен Лондон, украдени се работи во вредно од илјадници фунти, објавија британските медиуми.

Се верува дека кражбата во куќата на брачната двојка во Кенсингтон се случила доцна вечерта на 28 февруари, додека во неа биле Бекамови со нивната 10-годишна ќерка.

Според таблоидот „Сан“, кражбата не била откриена сѐ додека синот Круз Бекам (17) не се вратил дома од ноќно излегување и видел скршен прозорец и ограбена спална соба.

Лондонската полиција за медиумите потврди дека околу полноќ на 1 март, полициски службеници одговориле на извештаите за кражба во куќа во областа W11 во Кенсингтон.

Претставникот на полицијата додаде дека се пријавени неколку предмети за украдени. Сѐ уште нема уапсени, а истрагата продолжува.

Според таблоидот „Сан“, меѓу украдените предмети има дизајнерски и електрични предмети во вредност од илјадници фунти.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: