Okaidi Back to School: Супер подароци и попусти за среќен почеток!

Okaidi Back to School: Супер подароци и попусти за среќен почеток!

Објавена во: После „Школо“ // PR

Постои ли поубав ден од први септември? Можеби, но тој со себе секогаш носи една поинаква магија каква што нема во ниту еден друг ден.

Секогаш тука за нови почетоци, омилениот бренд на родителите и децата Okaidi, ја започна својата „Back to School“ кампања во која повторно понуди бројни попусти, игри и изненадувања.

Подготвени со нова супер колекција по неодоливи цени, продавницата на брендот во East Gate Mall за овој први септември организираше интересен настан со многу подароци, игри и шармантни парчиња за успешен старт на новата учебна година.

Кога станува збор за децата, брендот секогаш се грижи да им понуди удобни модели во кои секој еден училишен ден ќе помине безгрижно, токму како што и треба да биде.

Тоа е случај и оваа година, а токму на настанот во East Gate Mall родителите заедно со своите најмили имаа можност да ги одберат своите фаворити од мноштвото парчиња наменети за сите возбудливи школски авантури на најмалите.

За сите оние кои не успеаја да присуствуваат на настанот, сè уште постои можност да направат супер шопинг за цела учебна година и да добијат неодоливи -30% на вториот производ во продавница и онлајн.

Како и секогаш, колекцијата е полна парчиња направени од исклучително квалитетни материјали, со детали и принтови за сите весели денови што доаѓаат.

Одберете од шармантите фустанчиња и јакни за вашите девојчиња, но и од дуксерите и топлите модни додатоци за вашите најмили момчиња и направете безброј комбинации за уште полесно секојдневие.

Погледнете дел од атмосферата на настанот во East Gate Mall, а во текот на следните денови ве очекуваме во продавниците на брендот и онлајн, за заедно да ги одбереме сите парчиња што ви недостасуваат.

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: