Откриено е од каде е девојката која му го украде срцето на Војаж: Многумина велат дека е копија на Бресквица (ФОТО)
Изгледа дека популарниот музичар повеќе не е соло. Овој пат заплови во врска на далечина.
Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж, наводно е во љубов со популарната бугарска пејачка Десита.
На Десита вистинското име ѝ е Десислава Георгиева Димова. Веќе подолго време си ги лајкуваат објавите еден на друг, а набрзо по тоа обожавателите почнаа да ги спојуваат, па така на ТикТок се појави видео во кое се тврди дека Десита е навистина новата девојка на Војаж.
Според она што го пишува „Курир“, Војаж неколку пати бил во Бугарија, каде е виден во друштво на убавата пејачка.
„Тој не крие дека има девојка, дека е заљубен. Секој слободен момент го користи за да бидат заедно, па кога му го дозволуваат тоа обврските, тој на ден-два оди до Софија за да се видат и да уживаат малку. Беше и минатата недела. Некои обожаватели ги препознаа додека се шетаа низ бугарската престолнина“ - пишува „Курир“.
Многу обожаватели забележаа нешто, а тоа е физичката сличност помеѓу поранешната девојка на Војаж - Бресквица и Десита.
„Мене ми е пресмешно бидејќи е иста како Бресквица. Колку тој ја сака Бресквица, па најде иста како неа“, „Не да личи на Бресквица, туку е иста“ - се само некои од коментарите.
Инаку, гласините дека има нова девојка, пејачот ги поттикна сам, кога во една прилика ја даде следната изјава:
„Мојата девојка е многу позната, голема ѕвезда е, но од Србија. Лесно ја одржувам врската на далечиња, секогаш се наоѓаме во некоја држава на пола пат. Ова е идеално, немам стрес дека морам секогаш да бидам присутен“.
фото: Принтскрин / Инстаграм