Оливера Балашевиќ деновиве е мета на критики: Конечно откри зошто го вратила моминско презиме

Оливера Балашевиќ деновиве е мета на критики: Конечно откри зошто го вратила моминско презиме

Објавена во: Живот // Живот

Српските медиуми наголемо пишуваат за однесувањето на вдовицата на покојниот Ѓорѓе Балашевиќ, писателката Оливера Балашевиќ, која последните денови ги избриша сите заеднички фотографии на социјалните мрежи со покојниот сопруг.

Но, тоа е само еден во низата потези кој ја загрижи јавноста, но и бројните обожаватели ширум регионот кои забележаа дкеа од Јутјуб беа отстранети некои негови настапи, а во Србија на „Балашевиќ Tribute Бендот“ му е забрането да работи, наводно по барање на Оливера. Со оглед на сето тоа, забележија и дека во својата книга „Планета двориште“, која е објавена во декември 2019 година, го вратила моминското презиме Савиќ.

Сопругата на Ѓорѓе на социјалните мрежи објасни зошто го направила тоа и за своето оправдување не штедеше зборови.

„На корицата на книгата што е повод за моето огласување, стои презимето Савиќ, моето моминско и презимето на мајка ми, кое ме чуваше во годините раскажани на страниците што следуваат. Го ставив таму од почит на моето семејство, наместо посвета, а и малку и од суеверие, не баш како зајачка шепа, туку како крило на ангел кој свесно ја чувај куќата кај Бегеј... Значи нема никаков скандал, дури ни мистерија за тоа, или нешто би можело да им конкурира на „задругарите“ и короната во медиумите, во ретките преостанати медиуми и т.н. портали. Кога поради некоја причина ќе станете т.н. „јавна личност“, најчесто ве поистоветуваат со „јавна сопственост“, па така и ве третираат. Ми олеснува кога ќе видам дека некаде никој ништо не објавил за моите деца, моето семејство, па со самото тоа ни за мене, или во краен недостаток, темата во оваа година“ - напиша Оливера.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: