Омилената двојка е уловена заедно два месеци по разделбата: Дали Кабелјо и Мендес се повторно заедно?!

Омилената двојка е уловена заедно два месеци по разделбата: Дали Кабелјо и Мендес се повторно заедно?!

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Никој не можеше да верува дека токму поради оваа причина биле повторно заедно...

Шон Мендес и Камила Кабелјо пред два месеци ставија крај на нивната долгогодишна врска, информација поради која нивните обожаватели и сите кои ги сакаат се растажија. Меѓутоа, очигледно е дека помеѓу нив работите се во најдобар ред, а многумина се сомневаат дека можеби ќе се смират откако беа уловени заедно. 

Имено, по два месеци од разделбата, некогашната двојка беше уловена во парк во Мајами, каде го шетаа нивното заедничко куче, златниот ретривер Тарзан.

фото: Profimedia

Иако обожавателите шпекулираа дека тие двајца можеби и се смириле, многумина коментираат дека Камила и Шон сакаат да бидат пријатели, како што и изјавија по разделбата.

Да потсетиме, Камила и Шон кучето го посвоија во ноември 2020 година, недолго откако се изолираа во домот на пејачката поради пандемијата.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: