Она кога Кајли Џенер носи тексас здолниште, ама не на нозете: Го носеше како маица (ФОТО)
Зошто да биде едноставно, ако може да е комплицирано...
Кајли сака да се издвои од масата и да изгледа поинаку, а ова е најновото чудно нешто што го облече на себе. Фармерките или тексас здолништето можеш да ги носиш и на овој начин, кој сигурно никогаш не би ти паднал на ум.
Никогаш не е обична и секогаш пронаоѓа начин како да направи нешто поинакво и неочекувано. Сега пронајде начин како да носи тексас здолниште на нов, поинаков, но кул начин. Овој викенд беше на концерт на Розали, а за таа прилика ја носеше оваа комбинација, која ја објави и на својот Инстаграм профил. Она што на сите им падна во очи, кога е оваа комбинација во прашање, е дека изгледа како да земала тексас здолниште, исекла отвори за рацете и го облекла како маица. Звучи лудо, но кога е Кајли во прашање, сѐ е можно.
Добила маица на едно рамо, која изгледа многу кул. Дали навистина станува збор маица или земала старо тексас здолниште и само направила отвори за рацете, тешко е да се каже, но изгледа како DIY проект. Дури и да не е, лесно можеш да си го направиш ти дома и за следното излегување од дома да имаш најпосебна маица. За да изгледа уште попосебно, со оваа маица носела и црни тексас панталони. Ако уште се плашиш да носиш тексас на тексас, ова е доказ дека и тоа е можно.
фото: Принтскрин / Инстаграм