Онлајн наставата во Хрватска не може целосно да се реализира: Хакерите создадоа проблем

Онлајн наставата во Хрватска не може целосно да се реализира: Хакерите создадоа проблем

Објавена во: Совети // School zone

Од денес во Хрватска наставата се следи онлајн, поради ситуацијата со коронавирусот, но CARNET објави дека истата е изложена на хакерски напад, кој е пријавен кај надлежните органи.

Од CARNET на Фејсбук споделија дека се под напад од хакери и дека во овој момент наставата преку AAl@EduHr е невозможна, јавуваат хрватските медиуми. Еве што напишаа тие:

Наставата преку ХРТ3 и SPTV се изведува успешно, но онаа преку AAl@EduHr моментално е под хакерски #DDOS напад, кој на корисниците им предизвикува потешкотии со пристапот до одредени услуги.

Нашите експерти преземаат сѐ за во најкраток можен рок да ги отстранат потешкотиите. Нападот е пријавен во надлежното одделение во Министерството за внатрешни работи, каде им се доставени сите податоци за и тие активно да се вклучат во истрагата.

Им се извинуваме на корисниците и ги молиме за трпение до повторното воспоставување на пристапот на сите услуги.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: