Онлајн промоција: „Девет – роман во илустрирани приказни“ на белградскиот дизајнер Славимир Стојановиќ-Футро

Онлајн промоција: „Девет – роман во илустрирани приказни“ на белградскиот дизајнер Славимир Стојановиќ-Футро

Објавена во: После „Школо“ // PR

Книгата „Девет ‒ роман во илустрирани приказни“ на еден од најпознатите графички дизајнери во регионот, Славимир Стојановиќ-Футро, ќе има онлајн промоција на 18 август (вторник) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Делото е преведено на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“ и веќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на www.literatura.mk   

 Книгата со илустрирани раскази е автобиографски и емотивен роман на Славимир, составен од 47 кратки раскази од најраните почетоци на неговата кариера и со вклучени илустрации од дизајнери – пријатели на авторот, која во соседна Србија и регионот стана хит за многу краток период. Онлајн промоцијата и разговорот со Футро ќе ги води уредничката во „Арс Ламина“, Татјана Димовска-Атанасова. 
 
Славимир Стојановиќ-Футро е белградски дизајнер, визуелен уметник, креатор на лајфстајл брендот „Футро“ и автор на серијалот детски сликовници „Авантурите на Синги Лумба“. Неговите проекти во доменот на дизајнот имаат добиено повеќе од 300 меѓународни награди. Добитник е и на наградата за животно дело на Здружението за пазарна комуникација на Србија. Ова е негов прв роман.
 
Приказната во неговиот роман е фокусирана на Саво Николиќ, познат дизајнер, кој на деветгодишна возраст паѓа на глава и доживува тежок потрес на мозокот со целосно губење на помнењето. Триесет години подоцна сплет од драматични случувања предизвикува помнењето постепено да почне да му се враќа, сè додека не наврши девет години, вторпат.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: