#OOTD, #WIWT, #FWIS: Знаеш ли што значат овие скратеници?

#OOTD, #WIWT, #FWIS: Знаеш ли што значат овие скратеници?

Сигурни сме дека веќе одамна имаш свој профил на Инстаграм и дека нема потреба да ти ги објаснуваме хаштазите и скратениците што се користат на оваа социјална мрежа, но сепак убаво е да те потсетиме на разликата меѓу нив и под која фотка се ставаат.

#OOTD

Ова е скратеница од 'outfit of the day' односно дневна комбинација на облека. Најчесто ја употребуваат модните блогери и блогерки кога ги објавуваат фотографиите од она што го облекуваат. Исто така често ја употребуваат и оние што не се модни професионалци и сакаат само да се пофалат со некое свое модно издание.

#WIWT

И оваа скратеница означува модна комбинација, односно 'what I wore today', или што носев денес. Од претходната скратеница се разликува по тоа што е актуелна, односно оној што ја објавува фотографијата така е облечен во моментот, за разлика од #OOTD, што може да биде комбинација направена претходно.

#FWIS

Скратеницата што се употребува за оние фотки на кои се прикажани колена, стопала или нозе. FWIS значи 'from where I stand', односно фотографија направена од нечија моментална перспектива.

#TBT

Четврток е денот за споделување спомени на социјалните мрежи, односно ден кога се објавуваат стари фотографии и се означуваат #TBT односно'throwback Thursday'.

#FBF

Оние кои заборавиле да се потсетат на некое убаво случување во четврток, истото може да го направат во петок и фотката да ја означат со хаштагот #FBF што означува 'flashback Friday'.

#regram

Ако на твојот профил објавуваш туѓа фотографија, тогаш треба да ја означиш со #regram, што означува дека фотката не е твое авторско дело туку дека споделуваш нешто што не си го фотографирал ти.

#SMH

Ова е скратеница од 'shaking my head' и означува кимање со глава. Се користи како коментар на фотографиите или настаните кои најчесто оставаат без зборови, но во негативен контекст.

#idideatthis

Најчесто се употребува кога се објавуваат фотки од храна и значи дека оној кој го фотографирал оброкот уживал во него.


Можеби ќе ве интересира: