Опасности кои ги очекуваат хороскопски знаци до крајот на годината: Лавовите да внимаваат во ЈУНИ
Овен
Морате да водите сметка за здравјето, бидејќи ќе бидат присутни чести главоболки. Внимателно во јули. Избегнувајте расправии, бурни реакции. Повеќе време поминувајте во природа. Октомври, исто так аможе да ви донесе проблеми и можете да влезете во расправии и конфликти. Понатаму, не реагирајте бурно ниту на емотивното поле.
Бик
Многу оптеретувања од минатата година ве мачат и не ви даваат мир. Многу стрес ве очекува во јуни, потешко ќе ги прифаќате бројните промени во својот живот. Вознемиреност ве очекува и во септември. Обрнете внимание на здравјето.
Близнаци
Ве советуваме да внимавате во јавност и со надредените. Претстојат проблеми и кај оние кои се во брак. Ќе бидете напнати и нервозни до крајот на јули. Бидете внимателни во ноември, бидејќи постои можност на повреда на долните екстремитети.
Рак
Повеќе одмарајте по деловните обврски. Можни се проблеми со абдоменот, како со желудникот и коскениот систем. Доколку чувствувате тегобии, одете на лекар. Август и декември ќе бидат проблематични на полињата на семејството.
Лав
Многу стрес ве очекува во јуни, поради тоа посветете си повеќе време на себе и своите мисли. Во јули проверете ги артериите, притисокот и срцето. Пробајте да најдете мир и променете ги навиите со кои долго живеевте.
Девица
Внимателно во август. Избегнувајте ги колку што можете промени во расположението, бидејќи може да дојде до постапки и одлуки кои не се најдобри за вас. Проблем со некој друг член на семејството на јули.
Вага
Малку потешки мисли ќе ви се соберат во август, можен е недостаток на сон. Не можете кога се чувствувате уморно. Ноември ќе биде благо предупредување за повеќе да одмарате и да внимавате што и на кој зборувате. Може да останете без добри пријатели.
Шкорпија
Многу оптеретување кога се финансиите во прашање. Проблеми на работа или со деловните партнери во септември. Јули носи напнатост и грижа поврзана за егзистенцијата. Можни се главоболки и проблеми со грлото.
Стрелец
Многу размислувате за егзистенцијата и вашата иднина, но и вашите блиски. На некои август им носи губење на работата. Болки во долните екстремитети може да се јават во ноември. За време на овие проблеми гледајте да мислите позитивно, чекор напред, никогаш не се знае кој може да ви помогне.
Јарец
Месец јули носи оптеретување и тешки мисли. Грижата ќе биде присутна кај многу теми: од семејство, партнер, работа, до домашни миленици. Во декември чувајте се од лекари и некои ветувања кои ги имате дадено на другите, можеби нема да можете да ги исполните, па ќе се појават последиците.
Водолија
Вознемирени сте и ни самите не знаете што и како понатаму. Јуни ви носи промени или размислување на теми кои дополнително ќе ве вознемират. Обрнете внимание на психата, повеќе одмарајте кога ќе ви се укаже можност за тоа. Јули за вас е најкритичен месец, кој може да донесе губиток на ваша страна.
Риби
Ќе ви годи самотија, само не претерувајте во тоа, за некои луѓе да не ве напуштат засекогаш. Мај ви носи проблем поради прекумерното размислување што и како по целиот овој период. Повеќе посветете се на работите кои ве прават среќни. Крајот на јули носи незадоволство и нерадоразбирање од страна на блиски луѓе.