Опција што на Инстаграм никогаш досега ја немало: Нови можности при креираење на содржините

Опција што на Инстаграм никогаш досега ја немало: Нови можности при креираење на содржините

Популарната апликација Инстаграм се обидува да го подобри искуството на корисниците на десктоп верзијата, која моментално на корисниците им овозможува да ги гледаат споделените објави, но не и да креираат нови.

Според еден од програмерите на апликацијата, Инстаграм наскоро би можел да им дозволи на корисниците да споделуваат објави и од десктоп верзијата. Алесандро Палуци на Твитер објави дека корисниците на Инстаграм ќе можат да преземаат фотографии од својот профил, да ги „сечат“, додаваат филтри, уредуваат и да ги користат сите други опции како и кај обработката на фотографиите на мобилните уреди, но сега сето тоа ќе го прават од својот компјутер.

Изгледа дека единствениот пропуст е (не)можноста за правење на фотографија со (веб) камерата на уредот, иако таа функција постои во мобилната верзија на апликацијата. Истото ограничување е присутно и кај IGTV видеата, кои во моментов се единствената опција за креирање на објави на Инстаграм во декстоп верзијата, пишува „Android Central“.


Инстаграм е апликација главно наменета за користење на мобилните уреди. Сепак, десктоп верзијата би можела добро да им дојде на оние кои повеќе сакаат да гледаат фотографии и видеа на поголем екран, а немаат таблет.

Сè уште не е познато дали Инстаграм планира да им дозволи на корисниците да креираат и други видови на објави во десктоп верзијата на апликацијата, како што се IG сторињата или Reels.

Алесандро Палуци наведува дека новите функции за десктоп верзијата на Инстаграм најверојатно нема да пристигнат наскоро, бидјеќи сè уште се во фаза на развој.

фото: Shutterstock

Можеби ќе ве интересира: