Општината Штип обезбеди парична награда за основецот Давков: Од МОН велат дека постапиле согласно законот

Општината Штип обезбеди парична награда за основецот Давков: Од МОН велат дека постапиле согласно законот

Објавена во: Совети // School zone

Откако денес јавноста беше изнадена од веста за основецот Дајман Давков од Штип, кој заедно со неговиот наставник не може да добие награда, иако е првак по математиката, бидејќи бил ученик во основно училиште, а се натпреварувал во ранг на средношколци, Министеството за образование и наука го кажа својот став.

„Во врска со реакциите во јавноста по однос на информацијата за одбиениот ученик Дамјан Давков од Штип и неговиот наставник - ментор Кокан Радев за доделување на парична награда по основ на освоено прво место на државен ученички натпревар, Министерството за образование и наука е должно за извести за следното:

Имено, согласно законите за основно и средно образование, како и согласно правилниците за организирање на општински, регионални и државни ученички натпревари од страна на акредитирани здруженија на наставници од страна на МОН, на ученичките натпревари за основно образование можат да учествуваат само ученици од основни училишта и на натпреварите во средно образование да учествуваат само средношколци.

Во конкретниот случај, се работи за ученик од основно училиште „Ванчо Прке“ од Штип, кој учествувал на натпревар за ученици од средни училишта, што не е во согласност со правните прописи кои ја регулираат оваа тематика.  Така што, при разгледување на доставената документација во МОН и увидување на фактите, Комисијата за доделување на парична награда за освоено прво место на државен натпревар, постапила согласно одредбите од законите и правилниците и ученикот и неговиот ментор се одбиени за стекнување на паричната награда.

МОН презема обврска за повторно да го преиспита целиот случај околу постапката за доделување на парична награда за ученикот и наставникот ментор, но и постапката и начинот на кој е организиран самиот натпревар од страна на здружението на наставници кое ја има акредитацијата за организирање на натпреварите по математика.“ - стоеше во соопштението на МОН.

Тие исто така посочија дека не се сомневаат во талентот на ученикот кој заедно со својот ментор постигна голем успех на државниот натпревар, на кој учествуваше. 

„Законската регулатива не дозволува тие да го остварат правото за кое аплицирале во МОН. Сепак, во соработка со локалната самоуправа во Штип, ученикот ќе биде поддржан со еднократна парична награда од 15 илјади денари и признание за почесен граѓанин на општината.“ - посочија од МОН.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: