Организираат буквално сè: И девојките има што да кажат!
Неколку работи што би можел да ги научиш од девојките!
Сигурно веќе многу добро знаеш дека девојките навистина има што да кажат, бидејќи повеќето од нив не престануваат да зборуваат. И ако се прашуваш што би можел да научиш од некој кој стои пред огледало по неколку часа, го крие лицето со шминка, внимава на сите детали и го помни секој кажан збор, одговорот е потврден. И од девојките може да научиш многу.
Внимаваат што јадат
Колку и да ти изгледаат смешно кога за појадок јадат семки со јогурт и половина јаболко, убаво би било барем еднаш во неделата да го следиш нивниот пример и да внимаваш на тоа што и колку јадеш.
Важна им е појавата
Смешно ти е тоа што девојките знаат да поминат и по неколку часа пред огледало за да се подготват за едно излегување. Па дури и да се консултираат со неколку другарки преку фотографии во Вибер група која блуза најубаво им стои. Епа размисли, некогаш е убаво да научиш нешто од нив. Не велиме дека треба да му праќаш фотки на најдобриот другар како ти стојат фармерките, но убаво би било да внимаваш барем на тоа каква комбинација на бои ќе направиш.
Бараат совети и даваат совети
Иако мислиш дека се седнати во група и озборуваат најчесто тоа не е така. Тие се советуваат со своите другарки. Ова е нешто што можеш да го научиш од девојките. Воопшто не е срамота да побараш совет од другарите, ако ништо друго барем може да им кажеш што те мачи.
Организираат буквално сè!
Тие пишуваат со пенкала во различни бои, учебниците и тетратките им се завиткани во хартии со различни дезени, а собите им се секогаш средени. Колку и да мислиш дека за овие активности им треба многу време, верувај не е така. Тие се само добро организирани, од нив можеш да научиш дека кога се сака се се може.
Не премолчуваат!
Да девојките многу зборуваат, но со тоа тие и ги искажуваат своите емоции. Колку и да ти пречи тоа, понекогаш е многу убаво кога ќе го кажеш она што го мислиш и чувствуваш.