Оргазам првпат имав на 11 години: Хали Бери со шокантен одговорот на прашање за сексуалноста
Американската актерка Хали Бери и нејзината најдобра пријателка Линдзи Флорес одговораа на луди прашања во врска со сексот поставени од нивните обожаватели во новата заедничка емисија наречена „Bad & Booshy“.
Имено, еден обожавател ги праша кога дамите првпат доживеале оргазам и додека Линдзи не се сеќаваше, Хејл точно знаеше кога се случи тоа.
„Се сеќавам на мојот прв оргазам, си го направив тоа на себе. Имав 11 години и се обидував да ја разберам мојата сексуалност како што тоа го прават многу девојки“ - рече таа.
Друг обожавател ги праша кое е најлудото место каде воделе љубов. Линдзи одговори дека имала секс во автомобилот, додека Хали молчеше за одговорот на ова прашање.
Тие две првата епизода на „Bad & Booshy“ ја објавија во октомври оваа година, а Хали откри дека сака да сними шоу со нејзината најдобра пријателка со која се однесува најопуштено - со неа е среќна или тажна, посилна или послаба, недепилирана и не толку совршена како во јавноста.
Тие ги охрабруваа фановите да продолжат да им испраќаат прашања за идните епизоди, а првата епизода постигна навистина голем успех.