Оригинална идеја за фустан за матура: Девојка ја рекреираше комбинацијата на Зендаја од Оскарите (ВИДЕО)
Одлична идеја и уште подобра реализација!
Ако некој има оригинална идеја за матурската вечер, тогаш дефинитивно тоа е оваа девојка! Одлучила да ја рекреира модната комбинација на Зендаја од овогодинешното доделување на Оскарите.
Многумина останаа воодушевени со модната комбинација на Зендаја од Оскарите. Но, најверојатно никој не бил толку воодушевен како оваа девојка, која одлучила иста таква комбинација да носи за матурската вечер. На крајот од видеото покажа како точно ѝ изгледа комбинацијата за матурската вечер. Мора да признаеме дека изгледа навистина слично со онаа на Зендаја.
@katiecistus this video took months to make #prom #artist #fashion Dark Paradise - Parov Stelar Remix - Lana Del Rey
Освен тоа, одлично ѝ стои долгото здолниште со светки во комбинација белата кратка кошула. Не само што ѝ стои одлично, туку нејзината идеја за комбинација за матура е навистина одлична и оригинална и сигурно ја издвоила од останатите девојки. Кој знае, некој можеби помислил дека Зендаја се појавила на нивната матурска забава, бидејќи нивната сличност помеѓу модните комбинации е неверојатна!
фото: Принтскрин / Инстаграм / ТикТок