Оригинална идеја за матурски фустан: Девојка ја пресоздаде креацијата на Зендаја од Оскарите (ВИДЕО)

Оригинална идеја за матурски фустан: Девојка ја пресоздаде креацијата на Зендаја од Оскарите (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Одлична идеја, а уште подобра реализација!

Ако некој има оригинална идеја за матура, тогаш тоа е дефинитивно оваа девојка! Таа одлучи да ја рекреира модната комбинација што Зендаја ја носеше на Оскарите.

Многумина беа воодушевени од модната комбинација што Зендаја ја носеше на овогодинешните Оскари. 

Многумина беа воодушевени од модната комбинација што Зендаја ја носеше на овогодинешните Оскари. Но, веројатно никој не бил толку воодушевен како оваа девојка која решила да ја облече истата комбинација за нејзината матура.

Таа во видео покажа како точно изгледа нејзиниот матурски аутфит, а мораме да признаеме дека навистина е многу сличен на оној на Зендаја, ако не и идентичен! Не само што одлично ѝ прилега, туку нејзината идеја за матурска комбинација е навистина одлична и оригинална и сигурно ќе се истакне меѓу сите останати. Кој знае, некои можеби ќе помислати и дека Зендаја дошла на нивната матура.

ВИДЕО:

@katiecistus this video took months to make #prom #artist #fashion Dark Paradise - Parov Stelar Remix - Lana Del Rey

извор:teen385


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: