Осигурувањето како заштеда за иднината: Кроациа осигурување – Живот креираше специјални понуди, за специјални прилики
Современиот начин на живот секојдневно носи нови предизвици и растечка несигурност. Токму затоа, мудрите луѓе знаат колку е важно да се штеди. Со штедењето ние инвестираме во иднината и обезбедуваме финансиска сигурност за нас и за нашето семејство.
Постојат различни можности за штедење, а еден од најсигурните со кој не само што се создава заштеда, туку се осигурувате себе и свое семејство од несакани последици, е животното осигурување. Полисата за животно осигурување е наменета за луѓе кои размислуваат долгорочно и кои не ја оставаат својата среќа и иднината на своето семејство на случајност. Со склучување договор за животно осигурување, вложувате во вашата безбедност и безбедноста на вашето семејство и обезбедувате заштита од финансиски загуби што можат да се појават како резултат на несигурни настани. Истовремено, преку долгорочно штедење обезбедувате и зачувување на животниот стандард во подоцнежните години, но и финансиска заштита на семејството кога е најпотребно.
Со осигурување на живот можно е да се избере износот на рата, премијата како и временската рамка на осигурувањето. По истекот на договореното времетраење на осигурувањето, осигуреникот ја добива на располагање договорената сума. Истовремено, за целиот период на осигурување, вашите најблиски се финансиски заштитени, што е и најголема предност на животното осигурување.
Внимателно следејќи ги зголемените потреби и интерес за животно осигурување, Кроациа осигурување - Живот создаде производи прилагодени на барањата на пазарот, финансиските можности и потреби на секоја индивидуа.
Индивидуалното осигурување на живот претставува долгорочно решение кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење и осигурување. Овој вид животно осигурување е временски неограничено, обезбедува загарантирана исплата на средствата по истекот на договорениот рок, брза исплата при настанување осигурен случај, финансиска сигурност за вас и вашето семејство, или пак капитал за кога ќе се намалат приходите, особено по одење во пензија. Осигуреници можат да бидат лица од 14 до 65 години, а траење на осигурувањето е од 10 до 25 години. Премијата може да се уплаќа месечно, квартално, полугодишно и годишно, минималната годишна премија е 180 евра, а се нуди и можност за договарање пензиска рента.
Кај овој вид осигурување постои и можност за вклучување дополнителни осигурувања, како од незгода, дополнително ризико осигурување или дополнително здравствено осигурување од тешки болести, од малигни болести, или во случај на операции.
Ексклузив животното осигурување обезбедува осигурување, штедење и оплодување на средствата. Кај овој вид осигурување уплата на премијата за целокупниот период на осигурувањето е еднократна.
За да се обезбеди сигурност на децата креирано е Коко детско штедно осигурување со кое штедите за сигурна иднина на вашите најмили. Ова штедење е заштитено со девизна клаузула, детето е единствен корисник на средствата, а постои можност за договарање стипендиска рента. Како посебен бенефит кај овој вид штедење е зголемување на осигурената сума за 3% во случај на постигнат одличен успех во средно образование. И овде се нуди можност за вклучување дополнителни компоненти на осигурување.
Во случај на смрт на двата родители во еден несреќен случај, се исплаќа двојна осигурена сума, како и исплата на осигурената сума во случај на смрт на договарачот.
За сигурност во староста е креиран производот Круг на животот кој е со ниска прилагодлива премија која обезбедува доволно парични средства за сите ризици кои го демнат последното животно доба. Осигуреници можат да бидат лица од 18 до 70 години, износот на договорената сума зависи од староста на осигуреникот и износот на премијата, траење на уплатата е од 5 до 20 години, а се обезбедува доживотно осигурување во случај на смрт.
Кроациа осигурување – Живот креираше и специјални понуди, за специјални прилики. Па така доколку сакате да се обезбедите за на вашите деца да им подарите венчавка од соништата, тоа можете да го остварите со Кажи Да осигурување каде исплата на осигурената сума се врши при склучување брак. Ова осигурување има штедна компонента бидејќи средствата се повратни по истекот на осигурувањето.
Доколку навремено размислувате како на своето дете или внуче да му обезбедите квалитетно образование, тоа можете да го постигнете со пакетот Мое образование кое, исто така има штедна компонента бидејќи вложените средства се повратни во висина на договорена сума, а истовремено договарачот има целосно осигурително покритие. Ова штедење е заштитено со девизна клаузула, средствата што се вложуваат се повратни по стекот на осигурувањето, а осигурената сума може да се исплати како школарина кон образовна институција, како стипендиска рента, или пак доколку корисникот не запише факултет, може да му се исплати осигурената сума на возраст одредена од договарачот.
Кроациа осигурување – Живот за сите новосклучени договори за осигурување на живот за кои уплатата на капар е почнувајќи од 01.04.2021 ќе го преземе ризикот од смрт предизвикан од Ковид -19.
* ПР - објава