Ослабе 100 килограми: Александра сега сака да биде фитнес инструкторка
Александра е хероината на оваа приказна. 23 - годишното девојче, до неодамна тежеше 162 килограми и направи вистински подвиг, симнувајќи 100 килограми.
Во моментот таа изгледа убаво, а многумина сега и завидуваат.
Прекумерната тежина на оваа девојка воопшто не и пречела. Таа јадела сè што сакала и тој начин на живот и се допаѓал.
Меѓутоа, еден ден, Александра одлучила да се качи на вага и она што го покажала истата, ја шокирало. Вагата покажала дека тежи дури 162 килограми.
Таа не се грижела толку за својот изглед, колку за своето здравје.
Тој ден работите се промениле, па Александра решила дека треба да се грижи за себе и да се откаже од нездравата исхрана. За само неколку месеци таа успеала да изгуби повеќе од 30 килограми. Но, приказната не запрела овде, па така следниот чекор бил да се запише на фитнес.
После две години во сала и со вложениот труд, Александра изгубила уште многу килограми. Сега тежи 63 килограми и е висока 173 сантиметри.
„И јас, како сите мои пријатели, не можев да верувам дека еден ден ќе се откажам од нездравата храна и дека конечно ќе се грижам за себе. Требаше да поминат неколку години за да ја донесам таа одлука“ - кажа Александра.
Всушност, проблемите со прекумерната телесна тежина на Александра започнале уште на рана возраст кога таа примала многу моќни лекови за болеста. Сепак, тие влијаеле на нејзините хормони и кога имала едвај 15 години тежела повеќе од 100 килограми.
Сега сонува да биде фитнес инструкторка и да им помогне на другите луѓе да се изборат со прекумерната телесна тежина.