Осомничениот и семејството Ѓокиќ имаат заедничка фотографија: Горан ги поканил на роденденот на својата внука
Осомничен за убиството на семејството Ѓокиќ е роднината Горан...
Осомничениот за убиството на тричленото семејство Ѓокиќ е уапесен вечера вечер во Моравци, а постои и фотографија на која позира заедно со убиеното семејство. Станува збор за прославата по повод роденденот на внуката на Горан Џониќ.
На фотографијата Џониќ и неговата сопруга и малата внука се заедно со Ѓокиќ изгледаат како семејните односи да им се одлични. Никој не можел да очекува дека Горан ќе му наштети не само на братот, туку и на неговата сопруга и ќерка и тоа на толку монструозен начин.
Да потсетиме, приведен е осомничениот, братучедот на убиениот Ѓокиќ, Горан Џониќ, поранешен пожарникар, кој живеел на само стотина метри одалеченост од жртвите.
Според неофицијалните информации, осомничениот по свирепото убиство од сефот во автомобилот на Ѓокиќ земал околу 30.000 евра. Тој, наводно, за време на апсењето за убиството ги обвинувал своите синови.
Осомничениот, како што пренесуваат медиумите, чудно се однесувал на погребот на своите роднини.
Очевидци наведуваат дека наместо да изразува сочувство, тој се поздравувал со присутните. Неговиот син наводно му посочил дека се однесува чудно, на што осомничениот му одговорил дека не знае што му е.
Полицијата исто така приведе уште една личност за која постои сомневање дека учествувала во монструозното убиство на тричленото семејство Ѓокиќ во селото Моравац кај Алексинац.
Горан е осомничен дека вечерта помеѓу 26 и 27 септември ги пресретнал роднините за време на враќањето од селото Моравац кон дома и на уште неутврден начин ги навел да одат до оддалеченото место наречено „Дудин Баре“. Таму ги убил, телата им ги запалил, а потоа ги фрлил во јама. Нивното возило го однел 12 километри подалеку на подрачјето Тешица и го запалил. Наводно е осомничен, бидејќи на имотот на еден од неговите синови се пронајдени украдените пари и некои предмети кои го поврзуваат со злосторството.
фото: Приватна архива