Останува на власт до 2025 година: Непознати факти за канадскиот премиер Џастин Трудо

Останува на власт до 2025 година: Непознати факти за канадскиот премиер Џастин Трудо

Објавена во: Живот // Живот

Канадскиот премиер Џастин Трудо останува на власт откако победи на изборите во понеделникот, а неговиот главен противник го призна поразот, што му дава можност да остане на власт во следните четири години, односно да го заврши својот трет мандат како шеф на владата во Отава.

Трудо ги освои симпатиите на народот со своето опуштено однесување, либерални ставови, но и отвореност. Џастин е и првиот канадски премиер кој бил син на поранешниот премиер на земјата. Неговиот татко ѝ служел на државата 16 години, а тој починал кога Џастин имал само 28 години.

Канадскиот премиер е долги години со Софи Грегоар, со која се запознале кога биле деца. Поранешната водителка и Трудо сега имаат три деца, а врската ја започнале во 2003 година. Се венчале две години подоцна, а колку се сакаат, покажуваат со убави зборови на социјалните мрежи.

Џастин стана осмиот премиер со име што започнува со буквата „Ј(Џ)“. Од 22 -те премиери на Канада, имаше пет по име Џонс, еден Џо и еден Џин.

Тој стана и првиот премиер со тетоважа. Неговото лево рамо е покриено со голема тетоважа од планетата Земја (направена кога имал 23 години) опкружена со гавран Хаида (додаден на 40 години).

Трудо е првото дете на канадски премиер што и самиот стана премиер. Работел како инструктор за сноубординг, шеф на ноќни клубови и советник во камп.  Додека водеше кампања за премиер, Трудо ја поддржа легализацијата на марихуаната.

За прв пат стана премиер во 2015-та година, октомври, во октомври 2019-та година беше реизбран за премиер, и сега на предвремените избори, повторно ги доби изборите и останува на власт до 2025 година.

извор:cnn.com/ globalnews.ca/  

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: