Остави трага во нејзиниот живот: Селена Гомез ја објаснува сличноста на тетоважите кои ги имаат таа и Кара Делевињ
Селена Гомез предизвика да започнат шпекулациите за нејзината сексуалност кога беше видена како се среќава со својата другарка Кара Делевињ на кошарски натпревар во ноември. Очигледно е дека тие две се блиски, а сега Селена откри дека и двете се одлучиле да истетовираат пупка од роза, бидејќи познатата манекенка длабоко влијаела на нејзината живот.
Зборувајќи за својата тетоважа во емисијата „Live with Kelly and Ryan“, Селена објасни: „Тоа има неколку разнични значења. Кара е една од моите најдобри пријателки која ја запознав на 16 години, и таа ме вика Rosebud“, а потоа додаде: „Значи, тоа е мојот прекар и од таа причина секогаш сакав да истетовирам роза. Сега имам една и ми се допаѓа. Всушност, имам повеќе тетоважи со луѓето кои искрено оставија значајна трага во мојот живот“.
На профилот „Bang Bang“ е споделена фотографијата на Селена со тетоважата, која се наоѓа на нејзиниот грб под низата со римски броеви.