Селена неодамна стави нова тетоважа, а испадна дека е заедничка: Еве кој има идентична

Селена неодамна стави нова тетоважа, а испадна дека е заедничка: Еве кој има идентична

Објавена во: Мода // Moj стил

Дали ова е „matching“ тетоважа која го означува нивното пријателство?

Неодмна на Инстаграм се појави фотографија од новата тетоважа на грбот на Селена Гомез, а воедно ова е најголемата тетоважа која ја има, со оглед на тоа што сите други ѝ многу помали. Но, освен Селена, една нејзина популарна пријателка и актерка има нова и идентична тетоважа како Селена, само на друг дел од телото.

Веќе пишувавме за новата тетоважа на Селена Гомез, а станува збор за прекрасен облик на ружа коа се протега скоро на половина од нејзиниот грб, а на самиот врв од тетоважата се наоѓаат римски броеви чие значење Селена го нема откриено. Освен ова тетоважа, таа има повеќе, само сите се многу помали и не се толку впечатливи како што е оваа на нејзиниот грб. Но, како што пишува Teen Vogue, освен Селена, идентична и нова тетоважа има познатата актерка и манекенка Кара Делевињ.

Тетоважите, односно ружата на тетоважата ја правел и истиот тату артист Банг Банг кој е познат по тоа што често ги тетовира познатите личности. Единствена разлика помеѓу овие две тетоважи е дека на Селена ѝ се наоѓа на нејзиниот грб, додека на Кара се протега по страната на нејзиниот граден кош и исто така има римски бројки ставени на самиот врв над дизајнот на розата со акварел. Не сме сигурни зошто имаат идентични тетоважи, но знаеме дека Кара и Селена се многу добри пријателки, па со овие тетоважи можеби само сакале да го обележат своето пријателство или пак сепак некое подлабоко значење е во прашање.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: