Остварена е желбата на Дени Жерновска: Зад емотивната средба со Атиџе стои Сузана Турунџиева
Желбата на осмоодделенката Дени Жерновска, која учи во ООУ „Гоце Делчев“ во Скопје е исполнета. Девојчето кое го познаваме од бројните реклами, конечно се запозна и запеа со медената Атиџе, а за реализација на оваа средба најзаслужна е водителката Сузана Турунџиева.
Дени имала голема желба да се запознае и да запее заедно со медената, Атиџе а поради пријателството кое го има Сузана со неа, ова било лесно да се оствари.
Дени е среќна што запеа со Атиџе а песната „Чекор по чекор“ ја испеа од срце со хероината која минатата година ја прослави нашата земја.
„Атиџе е човек кој премногу ги сака децата. Мојата ученичка Дени Жерновска е осмооделенка која премногу ја сака Атиџе и музиката .
Денес, одлучив да ја исполнам нејзината желба и да им пружам можност (на дистанца) да се запознаат и заеднички да запеат“ - напиша Турунџиева на Фејсбук постирајќи неколку фотографии и видео.
Фото-Видео: фејсбук