Откако чичко ѝ ја уби директорката на фотографија не може да се стабилизира: Хејли Бибер е во многу лоша состојба

Откако чичко ѝ ја уби директорката на фотографија не може да се стабилизира: Хејли Бибер е во многу лоша состојба

Објавена во: Живот // Живот

Главна тема во медиумите изминатиот викенд беше страшната трагедија, која случи за време на снимањето на филмот, а во која актерот Алек Болдвин ја уби директорката на фотографија, а го рани и режисерот. Иако ништо од тоа не беше негова грешка, тоа не му помага многу на актерот и неговото семејство.

Имено, Болдвин го снимаше филмот под назив „Rust“, а личност која била задолжена за оружјето била особено невнимателна. Наместо да има ќорци во пиштолот со кој актерот пукал, се испоставило дека станува збор за вистински куршуми или макар остатоци од нив, кои се доволни да убијат некој.

Хејли, на која Алек ѝ е чичко, се огласи на Инстаграм со следниве зборови: „Ја испраќам целата своја љубов на семејството на Халин. Ова е незамислива трагедија. Исто така мислам и на режисерот Џоел Соуз, кој се опоравува. Многу ми е тешко поради сите кои беа вклучени во ова“.

Инаку, Хејли не го ни спомена својот чичко, чувствувајќи потреба да се фокусира на оние кои настрадаа, пренесува „Daily Mail“.

Сè уштене се знае како дошло до оваа трагедија - прва во последните 30 години. На почетокот на 90 - тите, на ист начин настрада и актерот Брендон Ли, синот на познатиот Брус Ли. Болдвин од сето ова мора да излезе како невин човек, но да убиеш некој и кога во тоа немаш воопшто вина е ужасно искуство.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: